Просечен индекс на среќата

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 256 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Погодено од финансиската криза во Португалија, семејството на Даниел се разделува. Неговата сопруга Марта заедно со децата се отселува кај своите родители. Но Даниел верува дека ќе најде работа и повторно сè ќе биде како порано. Даниел е нараторот што ја пренесува приказната преку имагинарен дијалог со својот пријател Алмодовар. Даниел ги губи и своите хонорарни работни места бидејќи своето време го користи за да им помогне на: Шавиер – агорафобичар што не може да го напушти својот стан, Авила – поранешен професор, малтретиран од средношколска банда, Вашко – синот на Алмодовар, кој постојано запаѓа во неволи. Шавиер има математичка теорија поврзана со среќата и прави секој да се замисли кој е индексот на среќата во неговиот живот. Но има ли среќата нумеричка вредност? Романот е потрага по она што е навистина важно за да се биде среќен, но и обид да се сфати колку едно срце може да биде големо. Радост, болка, носталгија, песимизам, надеж и љубов, заедно спакувани во книга. Ни требаат лоши денови за да ги цениме добрите. „Просечен индекс на среќата“ е неверојатно патување до себе. Добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. „Оваа книга го потврдува мојот поглед на светот дека животот е преубав.“ Дејвид Каплен

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Просечен индекс на среќата

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-257-1

Questions and Answers

You are not logged in