Просечен индекс на среќата

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: / | Num. of pages: 256 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Погодено од финансиската криза во Португалија, семејството на Даниел се разделува. Неговата сопруга Марта заедно со децата се отселува кај своите родители. Но Даниел верува дека ќе најде работа и повторно сè ќе биде како порано. Даниел е нараторот што ја пренесува приказната преку имагинарен дијалог со својот пријател Алмодовар. Даниел ги губи и своите хонорарни работни места бидејќи своето време го користи за да им помогне на: Шавиер – агорафобичар што не може да го напушти својот стан, Авила – поранешен професор, малтретиран од средношколска банда, Вашко – синот на Алмодовар, кој постојано запаѓа во неволи. Шавиер има математичка теорија поврзана со среќата и прави секој да се замисли кој е индексот на среќата во неговиот живот. Но има ли среќата нумеричка вредност?Романот е потрага по она што е навистина важно за да се биде среќен, но и обид да се сфати колку едно срце може да биде големо. Радост, болка, носталгија, песимизам, надеж и љубов, заедно спакувани во книга. Ни требаат лоши денови за да ги цениме добрите. „Просечен индекс на среќата“ е неверојатно патување до себе.Добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. „Оваа книга го потврдува мојот поглед на светот дека животот е преубав.“Дејвид Каплен

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Просечен индекс на среќата

Category:
SKU: 978-608-243-257-1

Questions and Answers

You are not logged in