Прошетка по облаците
Author:
Ева Мари Еверсон
Publisher:
Сакам Книги |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
/ |
Num. of pages:
235 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
мека
„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.
Кога бев дете, со часови седев и цртав и измислував одлепени приказни за да им ги раскажувам на моите пријатели. Откачени фантазии врежани на листови со разнобојни мрсни боички. Мислев дека моите приказни ќе го инспирираат светот, дека некако ќе успеат да го направат подобро место за живеење. И одредено време ми изгледаше како сите моите соништа да ќе се остварат.
Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.
Но... ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.
Во мојот живот се појави змеј за да го проголта мојот витез. Но тој убиец не го одзеде само животот на Били. Тој го зеде и мојот живот. Како долгокосата Рапанзел, ме заклучи во ладна, темна кула каде што останав да живеам сама, неспособна да се симнам долу кај што светот беше зелен и топол од сонцето. Боите почнаа да бледеат и да исчезнуваат сè додека не останаа само црната и белата. Местата кои - порано - слободно беа мои, сега ми беа забранети.
Порано сонував за раскажување приказни. Но никогаш, ни на сон, не помислив дека мојата ќе заврши вака.“
Што прави човек кога ќе ја изгуби вербата? Надежта? Волјата да продолжи понатаму? Што се прави кога сопствениот живот повеќе ти нема никаква смисла? Кога и самото дишење, самото земање здив - еден, единствен здив - ја бара целата енергија што ја имаш, додека не ја потрошиш и неа? Што тогаш?
2 reviews for Прошетка по облаците
Questions and Answers
You are not logged in
Фросина Трајковиќ (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –