Просторите на текстот
/
Книгата „Просторите на текстот“, со поднаслов – „По врвиците на критиката и на академското пишување“, е структурирана во шест различни поглавја кои претставуваат интердисциплинарна целина. Во сите нив е содржан концептот на „просторот“, кој може да се промислува единствено интердисциплинарно. Таквиот интердисциплинарен пристап ја вклучува општествената, историската, метафизичката и временската димензија со цел што поинтегрално да се разбере сложениот концепт на просторот, односно суштинското прашање за тоа како да се премости јазот меѓу теорискиот (епистемолошки) и практичниот простор, меѓу менталното и социјалното, меѓу филозофски осмислениот простор и материјалниот простор на луѓето.
Reviews
There are no reviews yet.