ПРОЅЕВКО И ДРЕМАЛО
Автор:
Александар Поповски
Издавач:
Александар & Александар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
ПРОЅЕВКО И ДРЕМАЛО |
Бр. на страни:
56 |
Димензии:
А5
|
Корица:
/
Современиот македонски поет, писател, препејувач, критичар, антологичар Александар Поповски, кој има објавено повеќе книги поезија, кратка проза, романи, антологии за возрасни е исто така мошне плоден и како писател за деца.
Под негово име се објавени бројни книги поезија, меѓу кои и сказната роман "Принцезата на Бостанскиот цар", потоа книги со раскази, приказни, бајки, повести и романи.
Оваа книга донесува нова поезија за деца која со задоволство може да биде читана и од повозрасни читатели.
Еве една кратка песничка од оваа книга:
МОДА
Сега тоа е мода,
треба да си кул!
Зарем не си чул?
Не чекај згода,
оди си по мода,
соблечи си едно,
облечи си друго,
нафрлај уште:
Ем змијче, ем гуштер,
искинато, бедно,
биди си кул!
Зарем не си чул!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.