Прозорци
Автор:
Димитар Башевски
Издавач:
Слово |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Прозорци : нова верзија |
Бр. на страни:
104 |
Димензии:
19см
|
Корица:
/
Скопската издавачка иуќа „Слово“, неодамна го објави романот „Прозорци“- нова верзија, од Димитар Башевски. Овој роман, во неговата нова верзија (првата објавена 2010), добива нов волумен и ги продлабочува настаните и односите меѓу луѓето за коишто зборува. Тоа е роман кој го поставува прашањето дали вреди да се живее за еден единствен сон, па макар да се работи за еден совршен роман или расказ, и дека често пати она што не го гледаме ние за себеси, го гледаат другите.
Во својата препорака до читателите, романсиерот Ермис Лафазановски вели дека „Прозорци“ е психолошки длабок, стилски перфектно обликуван и јазички чист роман, лоциран во актуелното време и простор“, додека пак романсиерот и раскажувач Блаже Миневски истакнува дека романот „Прозорци“ на „маестрален начин, како Рубикова коцка, ја расклопува човечката душа, составувајќи ја повторно парче по парче во приказната распната меѓу прозорецот на писателот што пишува ‘уметничка белешка’ за она што го чувствува и прозорецот на полицискиот инспектор од соседната зграда кој пишива ‘службена белешка’ за она што го гледа“.
Башевски е автор на десетина романи и пет книги поезија, еден број од нив наградувани во земјата и обајвувани на повеќе јазици во Европа.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.