Равенка на стравот
Автор:
ВЕРИЦА МУКОСКА
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Равенка на стравот |
Бр. на страни:
178 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета од мрачниот тунел на Ернесто Сабато, тогаш го добивате егзистенцијалниот и психолошки профил на Калина – млада, талентирана сликарка, чие учество на ликовната колонија во луксузната вила на уметникот Емилијан Де Ремарос, во Сиена, ненадејно ќе се претвори во длабока животна драма на себеоткривање, себеспознавање и борба со сопствените пороци. „Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа. Како што раката на сликарот вешто ги нанесува боите врз белото платно, така раскажувачот создава магично-синестезичен свет од бои, звуци, мисли, перцепции, во кој сепак, последниот збор ѝ е посветен на љубовта.
Трајче Стамески
Романот „Равенка на стравот“ е приказна-сведоштво за творечката еволуција на младата Верица Мукоска, како во насока на изградба на движењето и концизноста на мислата и нејзиниот јазичен израз, така и во поглед на кристализација на самите наративи, на две приказни – во Сиена и во Љубаништа, кои се надоврзуваат како голема и мала премиса.
Стефан Марковски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.