Разговор во катедралата
Автор:
Марио Варгас Љоса
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Conversación en la catedral |
Бр. на страни:
731 |
Димензии:
140х210
|
Корица:
/
Романот Разговор во катедралата, што се случува во Перу, во 1950 г., за време на диктатурата на Мануел Аполинарио Одриа Аморети, е силна приказна за моќта, корупцијата и комплексната потрага по идентитетот. Со пиво и море од слободно искажани зборови, разговорот тече меѓу две личности, Сантјаго и Амбросио, кои зборуваат за своите мачни животи и за пропаста и разочарувањето што полека го обземаат нивниот град.
Низ сложена пајажина од тајни и историски факти, Марио Варгас Љоса ги анализира психичките и моралните механизми што ја движат моќта и луѓето зад неа. Разговор во катедралата е многу повеќе од историска анализа. Тој е пионерски роман што се осврнува на идентитетот и улогата на граѓанинот, на тоа како недостигот на лична слобода може да остави трајна лузна кај народот и државата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.