РАЗУМНИ СИЛИ
/
Книгата содржи куси написи на лични доживувања или
размислувања на темите: љубов, мудрост, доблест, вистина
и правда, наречени “Разумни сили кај човекот”. Притоа,
на поимите не им пристапував од теолошки, религиозен,
социолошки или филозофски апект, туку од литературна,
прозно-поетска гледна точка, со што тие до-бија една
поинаква, динамичка компонента, подеднакво станувајќи
привлечни и за љубителите на белетристиката, како и за
љубителите на духовната или филозофската литература.
Го молам читателот да има предвид дека прилозите се
објавувани на социјалната мрежа Фејсбук, од април 2013-та
година до декември 2014-та година, а овде се дообработени
и подредени според моето лично видување за припадноста
кон наведените теми). Конечниот распоред на написите е ут-
врден после класифицирањето, согласно нивната фабула.
Се разбира, вие, драг читателу, можете да си одберете
сопствена локација за било кој од написите, зашто кај секој
човек постои специфичен распоред на разумните сили. Колку
луѓе - толку вистини и исто толку сфаќања за правдата и љу-
бовта, за вистината и мудроста, како и за доблеста.
Anonymous (verified owner) –
Прекрасно. Ќе се прочита, и пак че се прочита, и пак. И постојано ќе се отвора.
Anonymous (verified owner) –
Секој читател што ќе ја купи книгата може да дбоие потпис и да поразговара со авторот во просториите на Авторската агенција Берин, ул. Македонија, во Скопје, по претходен договор на телефон.