Реторика
Author:
Јован Андоновски
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Реторика |
Num. of pages:
212 |
Dimensions:
24
|
Cover:
/
Реториката претставува уметност што цели кон подобрување на вештината на говорниците што се обидуваат да информираат, убедат или да мотивираат определена публика во специфични ситуации. Оваа древна вештина во својот долготраен живот има преживеано многу подеми и падови. Дишела со полн капацитет во античко-хеленскиот период и во римската република и демократиите, а преживувала во царскиот Рим и во апсолутистичките и тоталитарните режими. Добри говори често настанувале во кризни времиња, време на војна или револуција, во периоди кога станувало збор за војна или мир, живот или смрт, да се биде или не. И на сето ова треба да се додаде дека реториката има способност на приспособување кон секоја состојба, независно каква е големата слика во општеството. Реториката бара едновремено да се говори добро и убаво. За тоа е потребен дар, но и учење. Затоа, книгава е обид да се направи спој помеѓу теоријата и практиката, односно да биде не само универзитетски учебник туку и малку повеќе од тоа. Книгата има цел да им послужи на студентите на правните факултети, како и на другите високообразовни институции што го обработуваат предметот Реторика во наставната програма. Исто така, книгата може да им послужи и на оние што се занимаваат со професии во кои се користи говорот како средство за комуникација (адвокати, судии, професори, политичари и др.).
Reviews
There are no reviews yet.