Сабо запре
Финалист за наградата за најдобар роман на НИН, а награден роман со „Билјана Јовановиќ“ и „Мирко Ковач“
Романот одново ги поставува прашањата како да се раскажуваат приказните, како да се помести раскажувачкиот глас и да се извести светот за најтрагичниот момент, како да се размести она што се вика живот, изместен од болката на смртта на ближниот. Јунакот во романот, кој има автобиографски карактер, ги раздиплува своите сеќавања за загубениот животен сопатник, покажува како се преживува и како се живее со мачнината што ја носат тагата и болката поради смртта. Во овој исповеден роман има и многу љубов, и многу тага, и многу меланхолија и многу чувство на вина за немоќта што јунакот во приказната не ја победил смртта.
Ото Хорват напишал несекојдневен роман за присуството и отсуството, за смртта и животот, за тагувањето и преживувањето, за љубовта и болката, за Орфеј и неговата мртва сакана... Напишал роман за тешко описливите живи последици на смртта.
1 оценка за Сабо запре
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –