Сакај ме повеќе од сè на светот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Love Me More than Anything in the World | Бр. на страни: 672 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

Животот на најголемата филмска и театарска дива на поранешните југословенски простори, Мира Фурлан, е повеќе од живот, преполн возбуда, величествени успеси, падови, љубов и предавство. Во автобиографската книга завршена пред прераната смрт, Мира Фурлан моќно проповеда за својот живот и животот на своите најблиски – од судбината на родителите Бранка и Иван, баба ѝЉуба, до сопругот Горан и синот Марко, кому воедно и му е посветена книгата. Без задршка Мира Фурлан нè вовлекува во сопствениот свет, во својата интимна драма и размислувања. „Сакај ме повеќе од сè на светот“ го оживува времето што е изгубено во војната, генерации и поединци што верувале во подобар и посреќен свет и за кои, ако биле наднационалисти како авторката, почетокот на војната значел дека веќе нема место за нив во новите држави.

Емотивна и моќна проза во која го следиме животот на младата интелектуалка, која израснува во дисфункционално семејство и решава да студира глума, каде што се заменуваат среќата и несреќата. Проза во која ги гледаме лицето и опачината на славата, која нè врежува со секој нов засек, со секоја нова реченица. Без да испушти нешто и нештедејќи никого, а најмалку себе, Мира Фурлан напишала автобиографија што се чита како роман. Во неа се остварува „американскиот сон“, но на крајот најважна е љубовта, која ѝ помогнала да полесно плови низ кариерата.

„Сакај ме повеќе од сè на светот“ е книга полна чувства, а секогаш бескомпромисно и со многу солзи и смеа, евоцира еден цел свет, налик Атлантида, потопен, но не и заборавен.

Цена: 700 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Сакај ме повеќе од сè на светот

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-243-549-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сакај ме повеќе од сè на светот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in