Саман

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Saman | Бр. на страни: 216 | Димензии: 20 см | Корица: /

Саман е револуционерен индонезиски роман, во кој се прикажани животите на четири жени со слободни погледи кон сексуалноста и на поранешниот католички свештеник Саман, според кого е именувана книгата. Книгата на писателката Ају Утами е продадена во над 100.000 примероци и започна ново книжевно движење, што ги отвори вратите за тематски книжевни дела со фокус на сексуалноста, а напишани од млади Индонезиски жени. Саман експлицитно се занимава со сексуалноста како тема, табу за жени писатели во Индонезија во времето кога е објавена – 1998 г. Таа исто така пишува за натприродното и мистицизмот, но и за политиката. „Саман“ има добиено многу престижни награди и преведена е на повеќе јазици. Ају Утами е индонезиска писателка. Пишува романи, раскази и статии. Саман (1998) се смета за нејзино ремек-дело. Пишувајќи за секс и за политика, Утами покрена прашањата што порано во литературата им беа забранети на жените во Индонезија.

Цена: 290 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Саман

Категории: ,
ИСБН: 978-608-256-065-6

Questions and Answers

You are not logged in