Само сонот е стварност
Од книгата „Само сонот е стварност“ со поднаслов од бележникот на еден филмолог може многу да се дознае или да се научи. На пример, нешто повеќе за јапонскиот, рускиот, чешкиот, шпанскиот филм..., нешто повеќе за авторите Фасбиндер, Саура, Тарковски, за Сабо..., нешто повеќе за филмовите што кај нас, во одреден период, биле на кинорепертоарот. Но пред сё – да се дознае и да се научи нешто повеќе за нашата македонска кинематографија – што се случило во далечната 1897 година, што снимиле Французите во филмските студија во Венсан, близу Париз, во далечната 1903 година, што правел снимателот Нобл во Македонија во 1903 и 1904 година, што снимале домашните и странските филмаџии во Македонија од 1903 до 1954 година, каква била фасцинацијата кај нас од киноприкажувањето, како започнала организираната македонска кинематографија по Втората светска војна...
Reviews
There are no reviews yet.