Самовилата од Виленија

Издавач: Едука Мак | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Самовилата од Виленија | Бр. на страни: 39 | Димензии: 21х14 | Корица: /

„САМОВИЛАТА ОД ВИЛЕНИЈА“ е нова книга за деца од младата авторка Марија Ралповска, своевиден мини роман, бајка која на сликовит начин го води читателот на едно мистично патување кое го најавуваат езерските бранови и мистериозниот глас од школката. Дојдете во волшебниот свет на самовилите и вилениците, свет во кој Харли открива дека е многу повеќе од едно обично девојче во мигот кога на нејзиниот грб ќе се развиорат сребреникави крилја. Дојдете на новото патување во светот на бајките, заедно со Харли - девојчето што сонува за авантури и верува во чуда, а чудата се возможни само кога веруваме во сонот, во магијата, во волшепството... Раширете ги крилјата и вивнете се во авантурите на Виленија! Виленија, митската земја на необични суштества, животни што зборуваат, дрвја што блескаат во боите на виножитото. Но Виленија е во опасност. Злото се доближува и сака да ја обвие со својата темнина... Пророштвото вели дека Харли е одбраното девојче што може да ја спаси Виленија од канџите на злото. Ќе успее ли?! Читајте и откривајте!

Цена: 190 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Едука Мак

Report an abuse for product Самовилата од Виленија

Категории: ,
ИСБН: 978-6084-95109-4

Questions and Answers

You are not logged in