Самовилата од Виленија

Publisher: Едука Мак | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Самовилата од Виленија | Num. of pages: 39 | Dimensions: 21х14 | Cover: /

„САМОВИЛАТА ОД ВИЛЕНИЈА“ е нова книга за деца од младата авторка Марија Ралповска, своевиден мини роман, бајка која на сликовит начин го води читателот на едно мистично патување кое го најавуваат езерските бранови и мистериозниот глас од школката. Дојдете во волшебниот свет на самовилите и вилениците, свет во кој Харли открива дека е многу повеќе од едно обично девојче во мигот кога на нејзиниот грб ќе се развиорат сребреникави крилја. Дојдете на новото патување во светот на бајките, заедно со Харли - девојчето што сонува за авантури и верува во чуда, а чудата се возможни само кога веруваме во сонот, во магијата, во волшепството... Раширете ги крилјата и вивнете се во авантурите на Виленија! Виленија, митската земја на необични суштества, животни што зборуваат, дрвја што блескаат во боите на виножитото. Но Виленија е во опасност. Злото се доближува и сака да ја обвие со својата темнина... Пророштвото вели дека Харли е одбраното девојче што може да ја спаси Виленија од канџите на злото. Ќе успее ли?! Читајте и откривајте!

Price: 190 ден

10 in stock

Compare
Sold By Едука Мак

Report an abuse for product Самовилата од Виленија

Categories: ,
SKU: 978-6084-95109-4

Questions and Answers

You are not logged in