Седмиот печат
Kнигата „Седмиот печат“ од Сунчица Уневска, е дело на позната филмска критичарка, која најголемиот број критики ги има објавувано на страниците на „Утрински весник“. Книгата, богата во својата содржина, се навраќа на филмски дела кои оставиле траги во филмската уметност и кон кои вреди одново да се навратиме, да ги гледаме, но исто така да прочитаме за нив текстови како овие во книгава, кои фрлаат на нив знаечки, есеистичко-критичарски поглед. Насловот на книгата „Седмиот печат“ е земен, како што вели авторката во предговорот, од истоимениот филм на Ингрид Бергман, наслов кој станал синоним за филмот воопшто. Една цела глава од книгата, Сунчица Уневска му посветува на македонскиот филм, односно пишува за македонските филмови кои ги одбележале последните дваесет години.
Reviews
There are no reviews yet.