Седум стравови

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Sedam strahova | Num. of pages: 158 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Најдобра книга во БиХ во 2010. Романот „Седум стравови“ е одлично оценет од книжевната и новинската критика. Веднаш по објавувањето беше многу фален дури и наречен ремек-дело, „бомба од книга, ретко четиво со извонредно градена атмосфера“, „најдобра раскажувачка проза во Босна во 2010“... Почнува со булгаковски тип на фантастика во која нема јасни граници меѓу рационалното и ирационалното, но романот е пример на ненаметливо спојување на жанрови, и има вешт спој на демонски, енигматични, фантастични, љубовни и воени теми.Романот е напнат и ни малку „лесен“ роман, кој повеќе од успешно и сосема неизнасилено ги спојува енигмата, фантастиката и љубовната тема, надминувајќи ги првичните очекувања на читателот. Во него е раскажана приказна за човековите стравови и ужаси. Приказната започнува движејќи се во насока на љубовна, односно по постљубовна фабуларна линија каде што главниот јунак по заминувањето на сопругата, осаменоста и деветмесечната депресија помината в кревет конечно се исправа, и соочувајќи се со своите стравови се обидува да зачекори во нешто што се нарекува нормален живот, додека понатаму, малку неочекувано, но без да ја напушти таа фабуларна линија, туку надополнувајќи ја и усложнувајќи ја, се отвора во насока на фантастичното во кое нема цврста граница помеѓу ирационалното и рационалното.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 200 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Седум стравови

Category:
SKU: 978-608-225-080-9

Questions and Answers

You are not logged in