Семеен пакет 1

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Семеен пакет 1 | Бр. на страни: 459 | Димензии: 200х140 | Корица: /

1. Небото на паднатите

Мега-хитот Небото на паднатите е еден од најчитаните романи на Полјаков – има петнаесет изданија на руски јазик и е продаден во стотици илјади примероци.

Досега се снимени два играни филма според мотивите на ова дело.

Ликовите во романот се обични човечки грешни души на коишто авторот, со својот карактеристичен стил на пишување, им дава малку демонска, малку ангелска природа, и суптилно, но доволно храбро, ни опишува колку парите можат да ја разорат човечката душа. Љубовта помеѓу младиот бизнисмен и неговата секретарка, која авторот ја вткајува во приказната е една чудна, фатална, трагична и слепа љубов, пронижана со неверства, казнувања и меѓусебна зависност, но за денешното современо време многу реална.


2. Нејзинија

Нејзинија e утописки роман во кој е опишано изолирано општество во кое живеат исклучиво жени коишто се размножуваат преку партеногенеза (асексуална репродукција). Резултатот од ова е идеален општествен поредок: нема војни, нема конфликти, нема доминација. Мајчинството е најголемата светост за жените од оваа земја и е центарот околу кој се врти нивниот свет.

Оваа книга на Перкинс извршила силно влијание врз авторките на феминистичката научна фантастика, како и врз идеолозите на феминизмот и лезбискиот сепаратизам во шеесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век.

 

3. Во срцето на птицата

„Во срцето на птицата“, која е наградена со наградата „Ванчо Нико­лески“ за најдобра книга за деца и млади за 2004 година, е објавен избор од радиодрамското творештво за деца на Владо Димовски. Објавени се шест текста: монодрамата „Јас, дете!?“, радиопиеските „Во срцето на птицата“, „Трите петки, волкот и Зелениот“, „2041-та“, „Врапчето што знаеше да зборува“ и „Децата – огледало на родителите“. Сепак, тие не можат тесножанровски да се определат како радиопиеси, туку истовремено се и драмски текстови, што е веќе потврдено и со изведбата на некои текстови на театарската сцена.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 650 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Семеен пакет 1

Категорија:
ИСБН: 1111111122222

2 оценки за Семеен пакет 1

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in