Семејството во Гилје

Publisher: ИКОНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Familjen paa Gilje | Num. of pages: 194 | Dimensions: 14x21 | Cover: тврда

Јонас Лие, (6 ноември 1833 - 5 јуни 1908) е норвешки новелист, поет и драмски писател, којшто се вбројува во Големата четворка на норвешката литература од 19 век, заедно со Хенрик Ибзен, Бјорнстјерн Бјорнсон и Александар Киеланд. Во своите дела, Јонас Лие често ја рефлектира природата, народниот живот, како и социјалниот дух на норвешката нација. Неговото пишување често се занимава со семејниот живот во различни контексти, вклучувајќи и портретирање на социјалните и интелектуални ограничувања за жените од образованите класи. Лие е сестран писател, либерален и модерен, но исто така и силно поврзан со традицијата. Меѓу најдобрите дела на Лие се вбројува „Семејството во Гилје: Домашна приказна на четириесеттите“, која е впечатлив документ од животот на семејството на еден офицер, и за малкуте опции кои им се дадени на ќерките во ваквите семејства.

Price: 449 ден

5 in stock

Compare
Sold By ИКОНА

Report an abuse for product Семејството во Гилје

Category:
SKU: 978-608-221-061-2

Questions and Answers

You are not logged in