Сестрата на Ниче
Автор:
Мира Оташевиќ
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Ничеова сестра |
Бр. на страни:
163 |
Димензии:
195x125
|
Корица:
/
„Сестрата на Ниче“ е роман за лажната семејна љубов и изневерата, за малограѓанското уништување на личната слобода, за оригиналните идеи и нивните деформирачки сурогати, за автентичноста и манипулацијата, за индивидуалниот однос кон вистината и нејзините патолошки фалсификувања, за слободната мисла и за нејзините идеолошки злоупотреби, во крајна линија – за човекољубието и за неговите утилитарни одродувања... „Сестрата на Ниче“ е роман за личната и за семејната бескрупулозност, книга во која драстично се урнисува митот за светоста на сестринска љубов кон братот, но едновремено и роман од кој, како впрочем и од другите прозни дела на истакнатата современа писателка Мира Оташевиќ, зрачи и еден непатетично изразен, жесток ангажман на страната на изневерените вредности. Авторскиот глас на Оташевиќ се изразува во модерна, авангардна форма. „Сестрата на Ниче“ е вториот роман на Оташевиќ, во кој наративната сила се одразува највеќе во сликите, во емоцијата што избива од секој лик и од секој дијалог, во помирувањето на динамичната форма со широката ерудиција и деликатноста на интимниот свет.
Questions and Answers
You are not logged in