Шила

Издавач: Либи | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Шила | Бр. на страни: 40 | Димензии: 210х210 | Корица: мека

Како што растеше Шила, така растеше и бројот на куклите што таа ги шиеше...

„Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта со ткаенините, со машината за шиење, со копчињата и со конците е впечатлив, личен начин за изразување, но и за справување со емоциите кај децата, различни и поинакви во однос на другите околу нив. Волшебниот свет на Шила преку шиењето на сите попатни емоции низ растењето, нè води до зрелост и целосна исполнетост. Правејќи кукли, Шила го крои и го шие светот по мерка на среќата кон која сите се стремиме. Кругот на животот се свртува со безименото девојче на кое веќе возрасната Шила му помага побрзо и полесно да стане тоа што сака.

„Шила“ е книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста, стрпливоста и самодовербата кај децата. Истовремено го реактуелизира чудесниот подзаборавен свет на рачната работа.

Цена: 250 ден

17 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Шила

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-458-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Шила”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in