Школа на животот
Дали сакате само да преживувате или навистина да живеете?
Дали сакате и понатаму својот живот да го доживувате само како генерална проба?
Сакате ли изговори или одговори?
Оваа книга ја има најамбициозната и највозвишена цел – таа сака да ве научи како да живеете среќно! За таа цел, авторот Бруно Шимлеша, во својот препознатлив оригинален и отворен стил, ви ги дава потребните алатки – алатките на срцето и алатките на умот, покажувајќи ви детално како да ги употребувате. Тој не го сака вообичаениот термин „работа на себе“, велејќи дека ние не сме „некаков запуштен градежен објект на кој итно му треба реставрација“ и, наместо тоа, ни ја нуди идејата за совршеноста како нова појдовна позиција во нашите „потфати“. Нашата совршеност, се разбира.
Автентичноста на ова извонредно четиво е токму во тоа што авторот не останува само на идејата за совршенство што богато ја простира пред нас, туку и практично ни покажува како истата да ја пронајдеме во себе и околу себе. А љубовта кон себеси е првиот чекор во тој правец.
Бруно Шимлеша е најпознатиот хрватски автор на книги од областа на популарната психологија или т.н. self-help литература. Досега има објавено 7 книги, а кај македонската публика е веќе познат по извонредниот хит „Љубовологија“ (2012). „Школа на животот“ и „Љубовологија“ се двете негови најпопуларни книги, кои ги уриваат сите рекорди на читаност не само во Хрватска, туку и на Балканот, а моментално го освојуваат и американскиот пазар.
11 reviews for Школа на животот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Ја купив книгата на саем и веќе ја прочитав. Уште една одлична книга од Бруно Шимлеша! Прекрасен автор, кој очигледно го живее тоа што го зборува.
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –