Сите луѓе на кралот

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: All the king's men | Num. of pages: 672 | Dimensions: 20 | Cover: /

„Сите луѓе на кралот“ е најчитаниот роман на Роберт Пен Ворен, делото што предизвикува најсилен интерес, и кај критиката и кај читателите. Романот е хроника за подемот и падот како гувернер на циничниот популист Вили Старк, според раскажувањето на еден од неговите вработени, Џек Бурден. Тој е политички репортер кој почнува да работи како десна рака за гувернерот Старк. Кариерата на Старк е испреплетена со животната приказна и филозофските размисли на Џек Бурден.

Пофалбите за романот се однесуваат на третманот на демократските политички процеси што се практикувале на Југот од триесеттите години од XX век, како и на иновативната структура и филозофската суптилност. „Сите луѓе на кралот“ се смета за ремек-дело на политичката сатира; филмуван е во два наврати, а според него се направени и драма и опера; преведен е и на дваесетина јазици.

Price: 350 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Сите луѓе на кралот

Category:
SKU: 978-608-247-693-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Сите луѓе на кралот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in