Сјајно место за несреќа

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Sjajno mesto za nesreću | Бр. на страни: 222 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

„Сјајно место за несреќа“ е оценет како сјаен роман на неконвенционалниот хрватски писател со необичен живот, доброволец во Татковинската војна во Хрватска, воен известувач, „крал на црните хроники“, свирач на хармоника на париските улици.

„'Сјајно место за несреќа' е роман за новата Европа и за старите односи на моќта, роман од дното на Европската унија“ (Роберт Перишиќ), каде што емигрантскиот бран се снаоѓа како што знае, но често на нелегален начин. Ова е читливо, динамично и емотивно дело, најкомплексно и најдобро напишано од овој автор.

Овој роман нуди поинаков поглед на големите западноевропски градови, дефинитивно поинаков од оној што го знаеме од туристичките водичи и брошури. Тој ја разбива идиличната слика на романтичниот Париз. Во романот се открива еден цел паралелен свет на париското подземје и на емигрантите во борбата за гол живот. Но во делото се препознаваат и многу автобиографски елементи.

Главниот јунак во романот, преживува како уличен карикатурист, но тој всушност е млад и надежен хрватски писател, познат во својата земја, а кој во Париз дошол за да успее и таму. Таквиот живот на улица требало да биде само привремен, но инерцијата на секојдневното преживување сè повеќе јунакот го турка кон „стомакот“ на Париз. Во потрагата за успех надвор од границите на својата земја во транзиција, писателот го избира токму Париз – градот на светлината и на среќата, центарот на културата и уметноста, на слободата и човечките права, собиралиштето на сликарите, писателите и интелектуалците во дваесеттиот век. Но во дваесет и првиот век Париз открива едно поинакво лице – низ секојдневјето на младиот писател се открива еден паралелен свет на париското подземје и на имигрантите во борбата за гол живот.

Наместо место на среќата, тој го доживува како место на маките и преживувањето. Во Сјајно место за несреќа Каракаш на фасцинантен и динамичен начин ги опишува темните места и сенките од сјајот на градот на уметноста и убавината.

Цена: 250 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Сјајно место за несреќа

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-022-9

Questions and Answers

You are not logged in