Скакулци
Автор:
Петре М. Андреевски
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Скакулци |
Бр. на страни:
218 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Сместено во препознатливиот рурален пејзаж, дејството во романот „Скакулци“ се случува во еден транзициски период, кога е во тек своевидна „космизација“ на дотогаш варварскиот, тукуречи магиски свет во кој живееја ликовите на Петре М. Андреевски.
Романот почнува со поглавјето насловено „Косидба. Време на големи промени“, навестувајќи го доаѓањето на новиот поредок, во кој „господ почнува да шета по земја“ отелотворен во претседателот на т.н. СеРеЗе и сите го ословуваат со „другар“.
Покрај писателското мајсторство, во „Скакулци“ најчитлива е сатирата како постапка по која авторот посегнува за да ја исмее новата власт, притоа исмевајќи ги оние кои ја легитимираат, дури и кога нејзиното постоење е гротескно.
Скакулците, како и пирејот, се симбол што посочува на „синдромот на изгубениот и неосознаениот идентитет“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.