Слепиот убиец

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: The Blind Assassin | Бр. на страни: 576 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

„Десет дена откако заврши војната, сестра ми Лора се истумба со колата од еден мост“. По повеќе од педесет години, Ајрис Чејс се сеќава на мистериозната смрт на Лора. Така започнува воодушевувачката и несекојдневна приказна на двете сестри и нивните тајни. Поставена во панорамска заднина на историјата на XX век, Слепиот убиец е епска приказна за спомените, интригата, предавството. „Првиот голем роман на новиот милениум“.Њуздеј „Пред себе имаме виртуозна приказна“.Њујорк Тајмс „Брилијантно... Атвуд е поет... колку што е прозаист, секоја реченица е на своето место“.Џон Апдајк, Њујоркер „Незаборавно моќно... Роман од скалперски прецизни согледувања и жестоки ликови. Новиот роман на Атвуд е толку елегантен и генијално интелегентен, што ги фрла во сенка современиците“.Атланта Џурнал „Маѓепсува... Убиствен роман...“Д Хришчан Сајанс Монитор Маргарет Атвуд (1939) е канадска поетеса, романсиерка, книжевна критичарка, есеистка и активистка. Магистрирала на Харвард во САД. Предавала на повеќе универзитети. Ги има добиено највисоките книжевни награди во Канада. Добитничка е на францускиот орден Легија на честа. За романот Слепиот убиец Атвуд ја доби Букеровата награда во 2000 година.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Слепиот убиец

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-015-7

Questions and Answers

You are not logged in