Со оган и со меч

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Ogniem i mieczem | Бр. на страни: 741 | Димензии: 210x135 | Корица: тврда

Со оган и со меч“ е првиот роман од, можеби, најзначајното дело на нобеловецот Хенрик Шенкевич – „Трилогија“, која критиката ја вреднува како opus magnum на овој автор. Романот ги следи случувањата од историјата на Полска за време на козачкото востание на Хмељници (1648–1654) во Украина. Писателот, трудејќи се да поттикне патриотски чувства кај читателот, на романот му придодал карактеристики на витешки епос, вовел волшебни елементи и создал силни ликови што го репрезентираат доброто и злото.

Побунетите Козаци под водство на Хмељницки се претставени како варвари жедни за крв, а Полјаците како праведни и храбри бранители на татковината. Романот ги опишува историските личности и случувањата од полска перспектива, со голема симпатија кон полското благородништво што е индивидуализирано преку бројни епизодни личности, меѓу кои најмногу се истакнуваат ликовите на господата Заглоба и Лонгинус Подбипета, кои се прикажани како витези и бранители на христијанството, додека востаниците се обвинети за колежите, антисемитизмот и сојузот со Татарите, непријателите на татковината и на верата.

Во приказната мајсторски се преплетени голем број историски и фиктивни личности, вистински и измислени настани, како и бурната љубовна приказна на беспрекорниот витез – Јан Скшетуски и на прекрасната благородничка – Хелена Курчевичовна, кои, разделени од непријателите и злата судбина, преживуваат бројни перипетии.

Цена: 800 ден

16 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Со оган и со меч

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-97-0

Questions and Answers

You are not logged in