Соловјов и Ларионов

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Соловьев и Ларионов | Num. of pages: 336 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Соловјов е млад историчар што доаѓа во Санкт Петербург да ја истражува личноста на генералот на Белата армија, Ларионов. На почетокот научно воздржан, подоцна темата целосно го опседнува: Ларионов не бил обичен генерал. Не само што ја бранел монархијата за време на Руската граѓанска војна туку тоа го правел оставајќи крвави лузни. Но, тогаш, како преживеал без последици во Советскиот Сојуз, со советска пензија, на плажите на Јалта, оставајќи зад себе син и дневник?Младиот Соловјов патува на Крим  за да ги бара исчезнатите страници од дневникот на генералот, а на неговото патешествие го дочекуваат многу изненадувања, како што е шармантната Зоја, која работи во Музејот на Чехов на Јалта.Покрај истакнатите имиња од руската историја, во романот се вметнати и личности од семејството на Водолазкин.За минатото може да се пишува и со една детективска драматика, а тоа го докажува токму ова дело. Со несекојдневен хумор и со философска сериозност, „Соловјов и Ларионов“ истражува еден фасцинантен период од руската историја, притоа дефинирајќи нов книжевен жанр: историскиот детективски роман! „Водолазкин пристапил во срцето на она што модерната култура го претвори во клише: руската душа!“Њујоркер

Price: 300 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Соловјов и Ларионов

Category:
SKU: 978-608-243-293-9

Questions and Answers

You are not logged in