Сонувани и будни песни / Dream and awake poems
...Тонење в сон, изнурнување од сонот: две точки на закривената линија време-простор на кои го осознаваме, секогаш одново, нашето место во светот и помеѓу кои може да се смести и смислата и бесмислата, и случајот и предопределеноста, и причината и последицата, и свеста и несвесното. Од премините помеѓу тие две агрегатни состојби на духот, Владимир Мартиновски извлекува алармантни ситуации, панични глетки, вртоглави препознавања. Неговите песни се раскошни азна преполни блескави слики, изненадувачки споеви на одеднаш откриените сродности, рески пресеци на времиња и на простори. А за да покаже дека сето тоа има своја внатрешна неопходност и неминовност, тој ни дава да го насетиме, прескокајќи го хоризонтот на очекувањата, тајниот код што ги спојува овие песни со двете големи соништа на човештвото - „Илијада“ и „Одисеја“...
(од освртот на акад. Влада Урошевиќ)
Книгата е двострана и двојазична. Препевот на песните на англиски е на Милан Дамјаноски.
Questions and Answers
You are not logged in