Совети за преживување

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Tips for living | Бр. на страни: 313 | Димензии: / | Корица: мека

Дента кога дознава дека нејзиниот маж, славниот уметник Хју Вокер забременил друга жена, Нора се заколнува: Има да се вратам во живот, колку време и да ми треба!... Потребни ѝ се три години. Со помош на најверната пријателка бега од Њујорк во тивкиот Пикод, каде што ја води колумната Совети за преживување во локалниот весник и внимателно му ја подотвора вратата на нов маж во својот живот. Но кога Хју со своето совршено семејство се доселува во истиот град, цврстината ѝ се поткопува. Повторно љубомора, понижување, гнев... а потоа шокот дека брачната двојка е убиена во својот дом. Нора не може да даде цврсто алиби за ноќта на убиствата. Сеќавањата ѝ се мрачни колку и фантазиите за одмазда. Додека обрачот околу неа се стега, таа мора да се соочи со една своја темна страна и да докаже дека не е единствената со мотив за убиство... Во своето книжевно деби Рене Шафрански ни нуди возбудлив психолошки трилер проткаен со хумор. Роман за личната потрага по вистината која понекогаш на сите ни се лизга низ прсти, но и за потрагата по втора шанса во животот. „Мајсторски напишана крими-мистерија со остроумна и храбра хероиња која заслужува серијал.“ Буклист  

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Совети за преживување

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-6100

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Совети за преживување”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in