Современа македонска керамика
Author:
Владимир Величковски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2004
Original title:
Современа македонска керамика |
Num. of pages:
137 |
Dimensions:
280x200
|
Cover:
/
Монографијата „Современа македонска керамика“ од Владимир Величковски е прва публикација за македонската керамика во кое авторот покрај сеопфатниот и детален пристап во презентирањето на современата македонска керамичка уметност, најпрвин се осврнува на почетоците на керамичкото творештво на територијата на Македонија. Притоа посебно внимание им укажува на археолошките предмети од праисторијата до средниот век, на технологијата на керамиката, народната керамика во Македонија, како и за ликовните уметници кои ја вклучиле керамиката во своето творештво.Во презентирањето на современата керамичка уметност во Македонија, Величковски најмногу се задржува на најзначајните состојби и карактеристики во оваа уметност, односно на нејзиното место и идентитет меѓу утилитарното и естетското, дизајнираниот производ и керамичките ликовни творби, потоа за модерното и традицијата во македонската керамика, за Ресенската керамичка колонија (која има суштествено значење за развојот на керамичката уметност), како и за македонските керамичари и нивното творештво. Притоа, претставени се сите релевантни имиња за современата македонска керамика, од основоположниците, па до најмладите уметници (Раде Перчуклиевски, Михајло Лазаров, Драгослава Јанева, Владимир Аврамчев, Војко Јаневски, Македонка Андонова, Душан Мишевски, Глигор Беќаров, Ристо Скерлев, Марија Туша Иљовска, Гоце Јосифов – Ромбо, Виша Јандревска, Томислав Гиевски, Мери Аницин – Пејоска, Каролина Бурб Божиновска, Константин Јанев, Елеонора Дуљанова, Гоце Стоилковски, Ѓоко Гавровски, Филип Фидановски).Во вториот дел на монографијата е дадена богата био-библиографија и за македонските керамичари и воопшто за македонската керамика, при што во неа се објавени и извадоци од критики, интервјуа и осврти, а кои претставуваат оценки и мислења кои се релевантни за следење на творечката еволуција на авторите. Во монографијата Современа македонска керамика, која е со висококвалитетен печат и делумно во боја, се објавени близу 300 фотографии на најрепрезентативните дела на македонската керамика.
Questions and Answers
You are not logged in