Стаклената градина

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 272 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

За младиот Лоби, трагичната смрт на неговата мајка е пресвртна точка во животот. Нивната заедничка љубов кон одгледувањето ружи од реткиот вид Rosa candida во стаклената градина во нивниот двор ќе го инспирира да ги напушти студиите и да отпатува во далечниот антички манастир за да ѝ го врати стариот сјај на величествената, но заборавена градина што се наоѓа таму. Додека одново ја пресоздава градината под будното око на свештеникот филмофил, Лоби ќе го изненади посетата на Ана, речиси непознатата пријателка на негов пријател, со која, по една кратка авантура во градината на неговата мајка, ја има новородената ќерка Флора Сол. Грижејќи се за градината и за малото девојче, Лоби полека ги запознава различните улоги на еден возрасен маж. „Стаклената градина“ е прекрасна приказна за искрената потрага по убавините на животот, трогателен потсетник дека секој од нас е способен да ги претвори малите нешта од секојдневниот живот во извонредни. „Едно од најмалку очекуваните, но и најголемо книжевно откритие на годината.“ Le Parisien

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Стаклената градина

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-256-4

Questions and Answers

You are not logged in