Стаклената градина

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: / | Num. of pages: 272 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

За младиот Лоби, трагичната смрт на неговата мајка е пресвртна точка во животот. Нивната заедничка љубов кон одгледувањето ружи од реткиот вид Rosa candida во стаклената градина во нивниот двор ќе го инспирира да ги напушти студиите и да отпатува во далечниот антички манастир за да ѝ го врати стариот сјај на величествената, но заборавена градина што се наоѓа таму. Додека одново ја пресоздава градината под будното око на свештеникот филмофил, Лоби ќе го изненади посетата на Ана, речиси непознатата пријателка на негов пријател, со која, по една кратка авантура во градината на неговата мајка, ја има новородената ќерка Флора Сол. Грижејќи се за градината и за малото девојче, Лоби полека ги запознава различните улоги на еден возрасен маж.„Стаклената градина“ е прекрасна приказна за искрената потрага по убавините на животот, трогателен потсетник дека секој од нас е способен да ги претвори малите нешта од секојдневниот живот во извонредни. „Едно од најмалку очекуваните, но и најголемо книжевно откритие на годината.“Le Parisien

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Стаклената градина

Category:
SKU: 978-608-243-256-4

Questions and Answers

You are not logged in