Султанот од Палермо

Publisher: КУЛТУРА | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: / | Num. of pages: 310 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Романот Султанот во Палермо ќе го прочитате во еден здив. Кога еднаш ќе се зафатите со него, нема да можете да го оставите. Вештината на Тарик Али во опишувањето на микросветовите на Христијанската и Муслиманската заедница во Палермо во средниот век го внесува читателот во светот на контрасти од судири и пријателства, светот на љубовта и похотата, свет на почитување и лицемерие, мирољубивост, бунтовност, доверба и лага. Минуциозноста на раскажувањето на атеистот Али детално и објективно ја прикажува средината во која функционирале муслиманските фамилии во Палермо и околината за време на беснеењето на христијанските хирувања во световниот и светиот живот. Романот Султан во Палермо на Тарик Али е динамичен роман полн со изненадувања, прсврти и неочекувани настани кои го оставаат читателот со подзината уста. Али му дозволува на читателот и сам да си ги пополнува празните простори од нарацијата вметнувајќи аналептични скокови и заобиколувања, држејќи го буден заинтригиран на наративната линија.

Идризи е најпочитуваниот интелектуалец во палатата на Султанот Раџари, кој неговата единствена љубов ја зема во својот харем. Идризи патува по светот собирајќи податоци за да направи географска карта за трговците и патниците, но со завршувањето на неговите патувања тој се враќа во својот дом недалеку од палатата. Ќерките на Идризи од првиот брак се спремни за злокобни дела само да се ослободат од своите сопрузи и да се дограбаат до нивните богатства, Идризи тоа не го дозволува.

 Животот во Палермо се менува, се врти како тркало. Еднаш фамилијата на Султанот е горе, потоа е долу, само лозата на Идризи е постојано на страната на правдата

Price: 420 ден

10 in stock

Compare
Sold By Култура

Report an abuse for product Султанот од Палермо

Category:
SKU: 978-9989-32-908-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Султанот од Палермо”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in