Светиот завет
Author:
Томислав Тунтев
Publisher:
Данте |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Светиот завет |
Num. of pages:
432 |
Dimensions:
20,8х14,5
|
Cover:
мека
Роман за вековните светозаветни судбини на охриѓани – за нивните животни радости и небиднини, за нивните успеси и падови, за нивните надежи и разочарувања. Роман за нивните души, слеани во една – душата на нивниот град. Роман за Редот на витезите на Св. Климент Охридски, за нераскинливата врска помеѓу луѓето што веќе 1100 години го вардат Охрид од секакви зла и небиднини, за огромната љубов кон сопствениот град во име на Великиот Патрон и за неповторливото херојство, посветеност и пожртвуваност на витезите низ вековните животни премрежија. Роман за Божјата милост и просветленост кон Охрид – градот на вечната светлина, градот на исконските тајни, градот на славните судбини. Роман за екстраординарните личности и уникатните настани од историјата на Охрид, кои ги предодредиле нашите судбини и ги детерминирале нашите животни патишта. Роман за најзначајните личности и настани, од Св. Климента до денес... за кои толку малку се знаеше... или воопшто не се знаеше... до сега...
3 reviews for Светиот завет
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Прекрасно и неповторливо дело, посебно за охриѓани
Anonymous (verified owner) –
ужас
Ивона –
вистинска сага за вечниот Охрид и за судбините на охриѓани низ цело едно илјадолетие – ремек дело