Светот на дланка
Во публикацијата „Светот на дланка“ се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот, почнувајќи од првиот лет во САД во 1964 година и во Канада во 1966 година па сé до денес, потоа трите патувања до Австралија, посетите на: Индија, Емиратите, Средна и Јужна Америка, Европската унија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка, до патувањето, најпрвин со најголемиот брод на светот наречен „Волшебникот на морињата“ и посетите на Хаити, Јамајка и Мексико и назад во Мајами, за потоа со џип да се прокрстарат источните држави на САД на пат за Торонто, од каде најдолго патување продолжи за Виена и конечно за Скопје, за Македонија.
На авторот Славе Катин овие патувања во различни земји во светот му беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознаам различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет. Притоа, имаше можност да посетам бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, величие, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде се чувствував како дома..
Публикацијата „Светот на дланка“, која има 440 страници е на македонски јазик, и токму на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – и тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, градови, интересни споменици на културите на домородното население, со културите и религиите донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците, народите..Таа е продолжение на книгата „Моите патувања по светот“, 2001.
Reviews
There are no reviews yet.