Свила
Автор:
Алесандро Барико
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Setta |
Бр. на страни:
92 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
/
Дејството во романот е сместено во егзотичниот француски град Лавилдје во втората половина од XIX век. Свила ја раскажува магичната приказна за Ерве Жонкур и неговите патувања во Јапонија, каде што оди да набави јајца од свилени буби за произведувачите на свила во јужна Франција. Книгата е суптилна мешавина од бајка, љубовна приказна и авантуристички роман. Ова е дело на врвен стилист, напишано со едноставен, на моменти поетски јазик. Свила истовремено е и книга за дијалогот меѓу западното општество и Истокот,при што свилата освен што е точка на средбата, таа е и метафора за прозрачните,недофатливи и понекогаш неискажливи аспекти на животот. Особено се моќни деловите во кои љубовта се согледува како копнеж по недофатливото, а еротиката е подигната на ниво на уметност. Една од оние книги што продолжуваат да се читаат долго по тишината што ја оставаат зад себе.
1 оценка за Свила
Questions and Answers
You are not logged in
Hristina Arsova (верификуван корисник) –
Интересен роман … ме заинтригира неговата несекојдневна форма … зачинет со авантура, еротика, егзотика проткаена во романот … празнините кои некако сама ги пополнував со својата фантазија визуелизирајќи ја магичната Јапонија …и да најосновното ….не потсетува дека егзотиката се пронаоѓа и во нашето секојдневие …не мора да значи дека е на другиот дел од светот…ме фасцинира овој мал роман.