Тахсин беј ја објаснува Македонија
Автор:
Тахсин Узер
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Makedonya eşkiyalik tarihi ve son osmanli yönetimi |
Бр. на страни:
381 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
мека
Тахсин Узер бил висок османлиски управник од крајот на 19 и почетокот на 20 век, а најголем дел од својата служба ја минал во Македонија. Бил цивилен управник во Разлог, Гевгелија, Драма, Ениџе Вардар, Лерин, Солун и во многу други места. Мемоарите нудат интересен опис на значајни настани во Македонија, пред сё во текот и по Илинденското востание, а во некои непосредно учествувал и дава детален опис на пошироката внатрешна и надворешнополитичка ситуација, во чии рамки се одвивале комитските, востаничките активности и Балканските војни, во политиката на султанот Абдулхамид, мешањето на големите сили, младотурските востанички активности, превирањата во Турција, активностите на грчките и четите на врховистичката и централистичката ВМРО... Со изнесените податоци, сознанија и анализи овој мемоарски труд претставува значаен придонес и за македонската историографија.
Questions and Answers
You are not logged in