Тажна приказна за среќни луѓе

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 480 | Димензии: 13x20 | Корица: тврда

Заборавот е страшен. Се прикрадува како сенка во животот на немоќната старица Стана. Ја покрива болката во нејзиниот живот, но заедно со неа и целата негова убавина. За неа времето не тече од денес кон утре затоа што со секој нов ден Стана се буди во различен момент од својот живот. Еден ден таа е четиринаесетгодишна девојка што трча по подивените крави низ летната бура, а веќе наредниот е мудра мајка што се обидува да ја одржи љубовта меѓу своите деца, разделени од политичките идеологии во новородената Македонија. Стана патува низ времето обидувајќи се да ги зачува, да ги спаси од сенката сите спомени што вреди да се зачуваат. Преку неа мозаично се обликува приказната за едно мало македонско гратче и за маѓепсаните луѓе во него.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Тажна приказна за среќни луѓе

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-255-7

Questions and Answers

You are not logged in