Тажното змејче

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Тажното змејче | Бр. на страни: 62 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Тажното змејче“содржи четириесетина песни и е наменета за децата со помала возраст.Преку стиховите на оваа книга авторката суптилно навлегува во детскиот свет и обработува низа современи ситуации и проблеми, кои често на децата им изгледаат огромни. Таа успева да им пристапи на овие аспекти од детското живеење со многу топлина и хумор. Со тоа прави проблемите со кои се судираат децата да се стават во реална рамка. Во таа смисла, оваа стихозбирка има двојна вредност. Од една страна, стиховите се уметнички обликувани и изобилуваат со ритам близок до децата (и врзан, и слободен), а од друга страна даваат морална помош и порака. Симона Груевска Маџоска користи и мотиви од народната митологија и фолклорот и ликови од најомилените јунаци на децата, што пак книгата ја прави попривлечна за најмладите читатели, кои во значителна мера се подзаборавени од современите македонски автори.

Цена: 120 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Тажното змејче

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-036-6

Questions and Answers

You are not logged in