Те паметам
Те паметам е роман во две паралелни приказни раскажувани наизменично. Колку што втората има карактер на криминалистичка приказна, толку првата од почетокот навестува дека е хорор. Двете приказни во одреден момент се поврзуваат, откривајќи ја заплетканата поврзаност на меѓучовечките односи.
На почетокот на романот читателот се запознава со тројца ликови кои пристигнуваат во северните предели на Исланд во напуштено село за да реновираат стара куќа. Таму ги пречекува студ, мрак и пустош, а веднаш добиваат впечаток дека нешто постојано се движи во нивна близина. Втората приказна започнува со вандалски чин, растурен е инвентарот и испишани се ѕидовите во градинка во мало исландско гратче. Психијатарот Фрејр се доселил во градот бегајќи од кошмарните спомени – пред неколку години во нејасни околности исчезнал неговиот син...
1 review for Те паметам
Questions and Answers
You are not logged in
iVote naracki (verified owner) –