Те посакувам
Автор:
Федерико Моча
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Ho voglia di te |
Бр. на страни:
532 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
После две години поминати вo Њујорк, Степ е во своето седиште во авионот и се враќа повторно во Рим за да го продолжи својот живот, но овој пат ќе се обиде тоа да го стори без сенките од минатото, без болните сеќавања, без Поло, без својата Баби.
Тој ја изгуби неа, но дали во изминатите две години успеа да ги излекува своите рани кои толку го болеа, дали успеа да научи да живее без болка и страдање. Степ се враќа за да се соочи со сето она од кое избега.
А, Баби? Каква е неговата Баби после две години, дали и таа е променета? Таа веќе има други планови, решена е да направи промена која би траела целиот нејзин живот.
Во приказната се појавува Џин, таа е слатка и убава девојка со добри боречки вештини, но покрај сè таа се заљубува во Степ, но и тој е воодушевен од неа. Тие се запознаваат случајно на бензинската пумпа во една необична и интересна ситуација и оттогаш нивните животи се поврзани.
Авторот обрнува внимание и на животот на Даниела, помалата сестра на Баби, која барајќи забава без размислување прави голема грешка која ќе има сериозни последици врз нејзиниот живот. Покрај старите и веќе познати ликови од претходниот дел тука се појавуваат и сосема нови ликови кои подеднакво ќе го привлечат вашето внимание. Во оваа книга има сосема нова љубовна порака, таа овој пат не е “Три метри над небото” туку гласи “Те посакувам”!!! Затоа што љубовта и животот се сосема непредвидливи со свои правила и никогаш не знаеме што е она кое не очекува во иднина.
6 оценки за Те посакувам
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Vera Karilanova (верификуван корисник) –
Vera Karilanova (верификуван корисник) –
Vera Karilanova (верификуван корисник) –
Vera Karilanova (верификуван корисник) –
Vera Karilanova (верификуван корисник) –