Театарот и актерите од сосема друг агол

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Театарот и актерите од сосема друг агол | Бр. на страни: 199 | Димензии: 165/235 | Корица: тврда

Станиславски, уште во минатиот век, велел дека, aко има нешто фантастично, тоа е сцената. А што е тоа толку фантастично, што плени, што нe принудува една претстава да ја гледаме повеќепати или да ја догледаме докрај? Дали е тоа пораката што авторот на текстот ни ја испраќа; дали она скриеното што не е искажано вербално/директно, туку само го насетуваме; дали нe плени изведбата на актерите, сцената, динамиката која пред нас се одвива?

Главното прашање на кое треба да одговори оваа кнга е: што е тоа што луѓето ги мотивира да се занимаваат со театар и да стануваат актери? Дали тие од другите (обичните) луѓе се разликуваат по своите психолошки карактеристики? Дали успешните актери се поинакви од оние просечните? Што било неопходно тие да се развијат како познати и добри актери? Како и дали актерите ги потиснуваат сопствените психолошки карактеристики за да ја одиграат улогата успешно во која се нагласени сосема други карактеристики на ликот?

Оваа од многу аспекти извонредна книга, одговорот на ова прашање го бара на вистинското место: во невронауката. Една од ретките вакви дела на македонски јазик, таа е неизоставно четиво за секој со макар и површен интерес за позадинските процеси кои ја диктираат не само актерската уметност, туку и човековото комплексно секојдневие.

Цена: 600 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Театарот и актерите од сосема друг агол

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-351-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Театарот и актерите од сосема друг агол”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in