Театарот и актерите од сосема друг агол
Author:
Нада Поп-Јорданова
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Театарот и актерите од сосема друг агол |
Num. of pages:
199 |
Dimensions:
165/235
|
Cover:
тврда
Станиславски, уште во минатиот век, велел дека, aко има нешто фантастично, тоа е сцената. А што е тоа толку фантастично, што плени, што нe принудува една претстава да ја гледаме повеќепати или да ја догледаме докрај? Дали е тоа пораката што авторот на текстот ни ја испраќа; дали она скриеното што не е искажано вербално/директно, туку само го насетуваме; дали нe плени изведбата на актерите, сцената, динамиката која пред нас се одвива? Главното прашање на кое треба да одговори оваа кнга е: што е тоа што луѓето ги мотивира да се занимаваат со театар и да стануваат актери? Дали тие од другите (обичните) луѓе се разликуваат по своите психолошки карактеристики? Дали успешните актери се поинакви од оние просечните? Што било неопходно тие да се развијат како познати и добри актери? Како и дали актерите ги потиснуваат сопствените психолошки карактеристики за да ја одиграат улогата успешно во која се нагласени сосема други карактеристики на ликот? Оваа од многу аспекти извонредна книга, одговорот на ова прашање го бара на вистинското место: во невронауката. Една од ретките вакви дела на македонски јазик, таа е неизоставно четиво за секој со макар и површен интерес за позадинските процеси кои ја диктираат не само актерската уметност, туку и човековото комплексно секојдневие.
Reviews
There are no reviews yet.