Темната соба
Автор:
Исак Роса
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
La habitación oscura |
Бр. на страни:
250 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот просторијата ја користат за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Реалноста постепено навлегува внатре, додека некои размислуваат дека не е време за криење, туку за враќање на ударот, иако со своите одлуки можат да ги загрозат другите членови на групата. Романот Темната соба претставува книжевно истражување на можностите на темницата, но исто така и портрет на една генерација: портрет на оние чија верба во подобрата иднина замира. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба во текот на петнаесет години, го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација која се чувствува прелажана. Неопходен роман (...) просторијата ве вовлекува во себе. Серхио Санкор
Оценки
Сѐ уште нема оценки.