Теорија на монетарните институции
Лоренс Х. Вајт е професор по економија при Универзитетот во Џорџија, САД. Тој често го анализира направениот превид за одредени прашања кои што се фундаментални кога станува збор за режимот на монетарната политика. Како и зошто монетарните институции еволуирале во форма во која денес ги гледаме, кои се главните аргументи „за“ и „против“ владините интервенции во текот на парите и во банкарството, со кои модели објаснуваме зошто монетарните власти одлучиле да се однесуваат како режим на самоволно донесени декрети за парите, колку добро се вклопуваат правејќи го тоа и кои алтернативи се на располагање во однос на таквиот режим.
Секој што сака темелно да се запознае со појавата и со еволуцијата на парите и на банкарските режими треба да ја прочита оваа книга. Секако, читателот ќе се запознае и со алтернативите што стојат наспроти овие режими, со сите нивни функционални карактеристики. Сето тоа е сторено со силни аргументи и анализи што не можат да бидат оспорени. Направена е маестрална комбинација на историското со модерното, апстрактното со мерливото и на теоретското со практичното. Ова е книга која без сомнеж ќе предизвика многу дискусии за вистинската улога на власта во економскиот монетарен систем.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Теорија на монетарните институции
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –