Теорија на невработеност во услови на еквилибриум
Приказната за невработеноста се состои од многубројни аспекти, а оваа книга говори за еден од нив. Во неа се анализира невработеноста како еквилибриум условен од тековите на барање и споредување низ пазарот на трудот, раководен од затворањето и од отоврањето работни места. Се зборува за с# она што отсекогаш сте сакале да прашате во врска со невработеноста, но не сте знаеле кого да прашате. Рамката што ја има поставено авторот, за движењето на работните места и за работниците, ветува подобро разбирање на невработеноста.
Кристофер А. Писаридес е добитник на Нобеловата награда за економија за 2010 година. Тој е професор по економија при Лондонското училиште за економија и соработник за истражување во Националното биро за економски истражувања.
Писаридес е фокусиран врз моделирањето на транзицијата за влегување и за излегување од невработеноста. Дадени се стохастичките процеси што ги укинуваат работните места и водат кон формирање нови работни места. Понатаму, се занимава со импликациите што произлегуваат од ваквиот процес, а се однесуваат на макроекономскиот еквилибриум и со ефикасноста на самиот пазар на труд.
Вметнати се две нови поглавја во кои се анализира ендогеното затворање на работни места, барањето нова работа и префрлувањето од едно на друго работно место. Книгата претставува задолжително четиво за сите што се занимаваат со макроекономија и со теории на трудот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Теорија на невработеност во услови на еквилибриум
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –