Тодор Александров (монографија)
Author:
Зоран Тодоровски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Тодор Александров |
Num. of pages:
358 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Монографијата „Тодор Александров“ од Зоран Тодоровски е дел од едицијата „Македонски дејци“. Тодоровски го претставува како личност која оставила длабоки траги во македонското револуционерно движење, а уште повеќе во колективната меморија на македонскиот народ и на македонските емигранти и бегалци во Бугарија. Монографијата е богата и со фотографии, од кои еден дел првпат се публикувани. Користени се и досега необјавени и малку познати архивски документи за Александров. „Револуционерното дело на Тодор Александров беше загатка за повеќе историографии и историчари – пишува Зоран Тодоровски во предговорот. Неговата контроверзност беше продукт на епитетите и на квалификациите што доаѓаа, пред сѐ, од непријателите на Македонија... Тодор Александров е еден од ретките македонски револуционери кој, без да биде објективно и документарно истражен и валоризиран, беше бесрамно анатемисан и свесно идеолошки распнат и долго време беше држен под ембаргото на повоените балкански комунистички историографии. Неговата улога во македонското револуционерно движење во македонската историографија одамна беше оцрнета. Македонските `ангажирани` историчари, кои го држеа монополот на историската вистина, не дозволуваа да се изврши преоценување на нивните партиски и идеолошки сознанија и оцени за личноста и делото на Александров, и покрај тоа што неговото политичко поведение по Првата светска војна беше на македонски државни и политички позиции. Ним, сѐ уште им се примарни документите од `втора рака`, или поточно на неговите идејни противници, што пишувале или изјавувале за неговата личност и поведение.“
Questions and Answers
You are not logged in