Том Џонс, том 2
За С. Т. Колриџ, Филдинговиот „Том Џонс“ содржи една од трите совршено испланирани фабули во историјата (покрај „Ојдип тиранин“ и „Алхемичарот“). За еден пикарескен Bildungsroman со многу навидум нерелевантни епизоди, ова не е само уште една од илјадниците заслужени пофалби, туку крунски доказ за неговата беспрекорност.
Насликувајќи една цела низа на карактери наспроти платното на фаличната, но добродушна природа на епонимниот главен лик, Хенри Филдинг - уште во еден од најраните романи во историјата на англиската книжевност - во дискурзивно постмодерната структура на својот роман, наоѓа начин да ги вмрежи и своите размислувања за лошите автори и критичари, за фанатичниот методизам, за природата на уметноста и значењето на тоа да се биде автор, за смислата на човекувањето. И, сепак, во ниту еден момент да не ја запостави својата приказна. И токму ова е една од чудесните одлики на овој роман: читателот не може да ја заборави ниту фабулата, ниту ликовите, но исто така ниту нивниот заборав од страна на Филдинг.
Ова е вториот од трите тома на „Том Џонс“ во оваа едиција и истиот ја опфаќа втората третина од 18-те книги кои го составуваат.
Reviews
There are no reviews yet.